Достапни линкови

Граничните премини кон Грција се уште проодни


Граничните премини со соседна Грција кои требаше да да бидат блокирани поради штрајк на грчките цариници, засега се проодни со повремени прекини за патничките возила на Богородица и застој за товарните возила и автобусите јавуваат од АМСМ. Најавена е и блокада на премиените Стар Дојран и Меџитлија , но таму сеуште нема прекини во сообраќајот за сите видови на возила.
Грција се соочува денеска со 48 часовен штрајк. Грчките полицајци и царински службеници од граничниот премин Евзони и кај Стар Дојран најавија дека од синоќа на полноќ ќе почнат да штрајкуваат.
Министерство за внатрешни работи соопшти дека на Евзони и Стар Дојран ќе биде целосно затворен преминот за автобусите и сите видови товарни возила, додека автомобилите ќе бидат пропуштани да ја минат границата на секои два часа. МВР апелира до сите граѓани и туристички агенции кои наредниве два дена планираат да патуваат за соседна Грција наместо Богородица и Стар Дојран, да го користат граничниот премин Меџитлија и да имаат трпение и да го почитуваат режимот на сообраќај.
XS
SM
MD
LG