Достапни линкови

Стејт департментот забележа раст на трговијата со луѓе во светот


Администацијата на американскиот претседател Барак Обама во својот извештај речиси го дуплираше бројот на земји кои може да се соочат со санкции доколку не преземат доволно мерки во борбата со тргогијата со луѓе. Во годишниот извештај на Стејт Департментот се идентификувани 23 нации кои што не успеале да ги исполнат минималните стандарди за спречување на трговијата со луѓе чии жртви најчето се жени и деца.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска изјави дека за жал поради олеснетиот начин на транспорт и глобалната коминикација, полесно се ветува подобар живот и ние стануваме сведоци на се поголема злоупотреба и експлоатација на луѓето. Таа додава дека станува збор за 27 милиони мажи , жени и деца кои се жртви на ова модерно ропство. Властите низ светот преземаат големи чекори за спречување, но како што вели таа потребно е да се измешаат ветувања со акција за да се постигнат поголеми резултати. Меѓу земјите на црната листа се наоѓаат и Куба, Иран, Мјанмар, Северна Кореја и Судан заедно со Либија и Зимбабве.
XS
SM
MD
LG