Достапни линкови

Тадиќ: Очекуваме кандидатура, но не го менуваме ставот за Косово


Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави синоќа во Берлин дека Србија очекува кандидатски статус за членство во Европската унија и набрзо потоа почеток на преговори за приклучување. Тој додаде дека нема да го менува ставот за непризнавање на самопрогласената независност на Косово. Тадиќ смета дека решавање на прашањето за Косово е од големо значење за двата народа и за Србите и за Албанците за да биде политичка игра за условување за членство во Европската унија. Тој истакна дека Србија доволно долго била на маргините на европските интеграции, и оти сега е дојден момент да бидат во нивниот центар.
XS
SM
MD
LG