Достапни линкови

logo-print

Либија-бунтовниците ја поздравија одлуката за апсење на Гадафи


Моамер Гадафи

Моамер Гадафи

Раководството на либиските бунтовниците ја поздрави одлуката на судот во Хаг да се издаде потерница за апсење на Моамер Гадафи. Од Обединетите нации велат дека бунтовниците, кои ја имаат поддршка од НАТО, со последната одлука се во предност во борбата против силите на Гадафи. Меѓународниот суд во Хаг претходно издаде налог за апсење на либискиот лидер Моамер Гадафи, за неговиот син Сеиф ал Ислам и за шефот на разузнавачката служба Абдулах ал Санусиј поради злосторства против човештвото. Судиите соопштуваат дека Гадафи се бара за организирање убиства, апсења и повредувања на стотици цивили за време на првите 12 дена од протестите на кои се бараше негово симнување од власт.
.
XS
SM
MD
LG