Достапни линкови

Урбанизација на Центар Жупа


Општина Центар Жупа

Општина Центар Жупа

Подобрување на инфраструктурата, изградба на станбена населба, уредување на спомен куќата посветена на Ататурк – дел од активностите за урбанизација на општина Центар Жупа.

За прв пат во општина Центар Жупа, типична рурална општина која опфаќа 17 селски населби во западниот дел од земјава, започнаа активности за нејзино урбанизирање. Советот на општината даде зелено
Урбанистичкиот план за селото Коџаџик е план само за оваа село. Овде се предвидуваат многу решенија од кои најбитно е решението за спомен куќата на Мустафа Кемал
Ататурк.
светло за нацрт планот со кој во основа се заштитува земјоделското зејиште, се нуди решение за една индустриска зона, а особено внимание се постетува и на развојот на туризмот преку уредување на спомен куќата посветена на Мустафа Кемал Ататурк творецот на современа Турција, чиј татко е роден во жупското село Коџаџик.
Локалните власти оценуваат дека урбанизацијата на оваа рурална општина видно ќе влијае на подобрувањето на инфраструктурата, но исто така ќе овозможи на бројните печалбари кои се во странство да инвестираат во својот роден крај.

Реката Радика

„Основна цел на овие урбанистички планови е да се заштити и онака малото земјоделско земјиште што го има општината. Се предвидува станбена градба во локацијата наречена ,,Гола краста“. Ако се продолжи со градба во оваа населба тогаш веруваме дека ке го заштитеме плодното земјиште. Воедно, со урбанизирањето на една мини индустриска зона, ќе
овозможеме и инвестирање на нашите печалбари да изградат погони за производство. Се планира овие погони да не ја загадат еколошката средина“, објаснува раководителот на одделението за урбанизам при општина Центар Жупа, Шаин Шакир.
Основна цел на овие урбанистички планови е да се заштити и онака малото земјоделско земјиште што го има
општината.

Посебни урбанистички решенија во јавната расправа која е во тек беа дадени за селото Коџаџик познато како село каде што е роден таткото на Ататурк.

„Урбанистичкиот план за селото Коџаџик е план само за оваа село. Овде се предвидуваат многу решенија од кои најбитно е решението за спомен куќата на Мустафа Кемал Ататурк. Тоа е еден комплекс кој ке влијае и на развојот на туризмот. Во селото ке има и рекреативни и спортски објекти како и трговски и угостителски објекти“, вели Благоја Радиновски од Проектансткото биро кое го реализираше нацрт-планот за оваа рурална општина.

Инаку, во јавната расправа населението ја изнесе и оценката дека урбанизацијата на општината ке приодонесе и за конечното решавање на проблемите со патната инфраструктура, но и проблемите во сферата на водоснабдувањето на сите селски населби.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG