Достапни линкови

logo-print

Убиен висок водач на Талибанците во Пакистан


Висок водач на Талибанците во Пакистан е убиен во северозападниот дел на земјата, близу до границата со Авганистан. Пакистанските власти соопштуваат дека Шакирулах Шакир кој е водач на Техрик е Талибан , бил убиен во напад во Северен Вазиристан. Властите велат дека на него пукале од автомобил , додека тој се возел на велосипед со мотор. Се уште не се знае дали тој е убиен од ривалска талибанска група или од пакистанските власти.
XS
SM
MD
LG