Достапни линкови

Сорос му нуди помош на Груевски за Декадата на Ромите


Фондацијата Отворено општество и понуди помош на Македонија за полесен и побрз пристап до фондовите на ЕУ за прашања кои се поврзани со спроведувањето на активностите од Декадата на Ромите. Помошта ја понудил претседавачот на Фондациите отворено општество, Џорџ Сорос на денешната средба во Прага со премиерот Никола Груевски. Македонија денеска го презеде претседавањето од Чешка. Од Сорос се подготвени да организираaт иницијален состанок во Брисел што би се одржал во втората половина од оваа година, а на кој би учествувале еврокомесари кои располагаат со соодветни финансиски средства за оваа намена. Тогаш би се дефинирал буџетот на кој што Македонија би можела да смета во текот на претседавањето со Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015.
XS
SM
MD
LG