Достапни линкови

Карзаи против надворешна помош за решавање на кризата


Членови на Парламентот

Членови на Парламентот

Политичката криза во Авганситан која настана околу изборните измами, е внатрешно прашање и владата нема да дозволи надворешни вмешувања, соопшуваат од Кабинетот на претседателот Хамид Карзаи. Од таму велат дека работата ќе се реши во согласност со авганистанскит Устав. Коментарите доаѓаат на еден ден откакао пратениците побараа ОН да го подржат Долниот дом на парламентот, познат како Волеси Џирга. ОН повика парламентот да избегне чекори кои би можеле да ја продлабочат политичката криза. Членовите на парламентот се налутија откако Специјален трибунал нареди 62 пратеници да се откажат од своите места, поради изборни измама. Трибуналот е основан од страна на Карзаи минатата година. Пратениците испратија писмо до специјалниот претставник на ОН во Авганистан, во кое бараат меѓународна помош против Трибуналот, кој го опишаа како илегален.
XS
SM
MD
LG