Достапни линкови

Пренасочување на сообраќајот кон Грција, поради штрајкот


Поради најавениот 48 часовен штрајк во Грција, граничниот премин Богородица-Евзони, од грчка страна воопшто нема да се пропуштаат автобуси и товарни возила, додека патнички моторни возила можно е да се пропуштаат на секои два часа. Заради сообраќајот ќе биде пренасочен кон граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“. МВР апелира, сите граѓани и туристички агенции кои наредниве два дена планираат да патуваат за соседна Грција да имаат трпение и да го почитуваат режимот на сообраќај.
XS
SM
MD
LG