Достапни линкови

Саркози-Француските банки подготвени за помош на Грција


Никола Саркози

Никола Саркози

Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека банките во Франција се подготвени да и помогнат на Грција со прифаќање на значателен дел од долгот. Француските банки се меѓу најголемите носителите на грчкиот долг, односно на нив отпаќаат 15 милијарди евра. Саркози изјави дека ќе се разработи план со кој француските банки, ќе прифатат да се реинвестира долгот во нови хартии од вредност. Европските лидери се обидуваат да го вклучат и приватниот сектор за да се помогне на Грција и да се избегне ситуацијата таму да има сериозни последици на сите 17 земји членки на ЕУ кои го користат еврото.
XS
SM
MD
LG