Достапни линкови

Настаните во Грција, не можат да се одразат врз целата еврозона


Економските и финансиски тешкотии на Грција не претставуваат опасност за еврозоната, изјави генералниот директор на Светската трговска организација Паскал Лами. Тој вели дека грчката економија преставува пет проценти од целата европска економија и затоа настаните во Грција не можат да се одразат на целата економија на Унијата. Директорот на Светската трговска организацијa вели дека се уште не е доцна земјата да биде спасена, да не доживее банкрот.
XS
SM
MD
LG