Достапни линкови

Наскоро нова влада


Деновиве Груевски го очекува мандатот од претседателот Иванов. Ќе успеат ли ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да договорат заедничка владина платформа?

Претседателот на државата Ѓорге Иванов треба да му го додели мандатот за составување влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, утре или задутре, велат од претседателскиот кабинет. Тоа значи дека нема да се чека крајниот рок од 10 дена од изминатиот викенд кога беше конситуиран новиот парламент.

Контурите околу поделбата на местата во владиниот кабинет веќе се наѕираат. Портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, која кажа дека веќе се договориле да ги поделат министерските места во сооднос 2-1, денеска повтори дека продолжуваат и разговорите на усогласување на програмата. Таа напомена дека сите отворени
Тогаш преговорите траеле затоа што досега немаше заедничка платформа и мислам дека ќе се надминат себе си овој пат ќе излезат со заедничка платформа и дека нема да делуваат како „раштиман оркестар“.
прашања се на маса. Нема информации со каква програма ДУИ ќе влезе во владата и дали ќе ја спроведе платформата:

„Како што реков, во детали не сакам и не можам да коментирам. Секако јавноста благовремено ќе ја добие и дознае и основата и содржината на договорот.“

По доделување на мандатот, Груевски ќе има 20 дена на Собранието да му ја достави програмата заедно со предлогот за состав на идната влада. Аналитичарите оценуваат дека не е толку важно кои ресори ќе ги предводат ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ, туку дали ќе застанат за заедничка владина платформа.


Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека двете партии ќе најдат компромис за прашањата кои не се во спротивност со законите. Тој не верува дека ќе има писмени гаранции, но дека можно е да има декларација со заложби.

„Она прашање со рокови за ЕУ и НАТО. ДУИ во својата програма велеше дека брзо зачленување во ЕУ и НАТО, решавање на прашањето за името, значи определени рокови околу тоа. Кај ВМРО-ДПМНЕ тоа го нема и не може да го има, бидејќи тоа не зависи само од нас, тоа зависи и од Грција. Како може да се направи одредена платформа или да се стави
Она прашање со рокови за ЕУ и НАТО. ДУИ во својата програма велеше дека брзо зачленување во ЕУ и НАТО, решавање на прашањето за името, значи определени рокови околу тоа. Кај ВМРО ДПМНЕ тоа го нема и неможе да го има, бидејќи тоа не зависи само од нас, тоа зависи и од Грција.

потпис за три или четири месеци дека ќе влеземе во ЕУ или НАТО, ако тоа прашање се уште не е затворено.“

Аналитичарот Алберт Муслиу оценува дека партиите треба да имаат заедничка програма, а не како досега секој да има различни платформи. Ова што се случува сега според него е добар вовед.

„Тогаш преговорите траеле затоа што досега немаше заедничка платформа и мислам дека ќе се надминат себе си овој пат ќе излезат со заедничка платформа и дека нема да делуваат како „раштиман оркестар“, а барем според најавите такво нешто и ќе се случи. Кои делови нема да се усогласат, затоа што не можат да имаат тие идентични ставови по сите прашања тоа треба да се види како ќе се договорат.“

Засега во јавноста имаше информации дека е постигнат договор оти буџетот ќе се носи со конснезус.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG