Достапни линкови

Медиумски колапс?


Медиумите кои добиваат од владиниот рекламен колач можат да опстанат, додека останатите веќе се гасат или едвај преживуваат. Потчинетост кон власта, единствен спас?

Со парите од владините реклами кои ги добиваат само одредени медиуми се нарушуваат и онака лошите пазарни услови во кои функционираат медиумите во земјава, велат луѓето од овој сектор. Во послeдниве неколку години, Владата е меѓу најголемите огласувачи во земјава.
И оние медиуми кои што добиваат средства од владата, кои што се во милионски износи, да можат потоа на пазарот да се однесуват тотално нелојално, значи при понуда на своите рекламни простори за други клиенти, при набавка на програми итн.

Проблемот е што со буџетсkите инjекции што ги добиваат одредени медиуми се создава нелојална конкуренција, вели поранешниот директор во „Алсат М“ ТВ, Сашо Орданоски:

„И оние медиуми коишто добиваат средства од владата, коишто се во милионски износи да можат потоа на пазарот да се однесуват тотално нелојално, значи при понуда на своите рекламни простори за други клиенти, при набавка на програми итн.“

Токму таквото кршење на пазарните околности во кои функционираат медиумите доведува до едно цунами во маркетинг просторот, вели уредникот на А1 Телевизија Младен Чадиковски.


„Со самото тоа што владата е најголем огласувач во Македонија, самото тоа покажува дека се прави една целосна дисторзија на економските параметри на медиумскиот пазар, бидејќи е нелогично државата да биде најголем огласувач, поголем дури и од некои фирми како Телеком итн. Со тоа се прави нарушување на пазарните услови и практично се промовираат и подржуваат медиуми кои што се блиски до владата.“

Орданоски вели дека Владата со финанскиите инјекции се обидува да натера дел од медиумите да се потчинат, да се направат нивните уредувачки политики послушни кон владините политики, а оние кои што
Целта на владата е да ги „задуши“ тие што не се согласуваат со неа и тоа го прави на еден би рекол перфиден начин преку пазарното функционирање со тоа што наместо директно да ги напаѓа, сепак тоа го прави со некои т.н. квази-пазарни механизми.
тоа не го следат да пропаднат.

„Целта на владата е да ги „задуши“ тие што не се согласуваат со неа и тоа го прави на еден би рекол перфиден начин преку пазарното функционирање, со тоа што наместо директно да ги напаѓа, сепак тоа го прави со некои т.н. квази пазарни механизми, помаѓајќи ги оние што и се допаѓаат и одмагајќи им на оние коишто не и се допаѓаат на владата.“

Петрит Сарачини од Македонскиот инститит за медиуми вели дека медиумскиот пазар во земјва е нарушен со самото тоа што има многу
електронски медиуми на толку мал пазар. Овој проблем станува уште поголем со тоа што тие медиуми се ранливи затоа што не можат да опстојат комерционално, па имаат потреба од дополнително финансирање како што се јавните кампањи на институците кои се од јавен интерес.

Новинари на прес-конференција.

„За жал тие средства не се распределуваат преку транспарентни критериуми, каде што клучните работи коишто ќе се бараат ќе биде досегот до конкретната целна публика кон која цели на пример некоја јавна кампања. Распределбата на тие пари се прави, токму како што повеќето експерти мислат, а и јавноста гледа, според она колку одредениот медиум е блиска до одредена политичка опција која што е на власт.“

Тој додава дека последниве случувања покажуваат дека во иднина медиумите ги очекува тежок период, голем дел од медиумите кои не можат да опстојат на пазарот и веќе се соочуваат со финасиски проблеми, постои можност наскоро да згаснат.
За жал тие средства не се распределуваат преку транспарентни критериуми, каде што клучните работи коишто ќе се бараат ќе биде досегот до конкретната целна публика кон која цели на пример некоја јавна кампања.

„Освен оваа политичка инструментализација преку финансиите, дека самиот пазар си го прави своето и дека голем дел од медиумите кои што не можат да опстојат на пазарот, можеби не сега, можеби некои од нив поради блискоста со одредена политичка опција или одреден центар на моќ добива финансии од тој центар на моќ или од таа политичка опција, но кога работите ќе се сменат во политичките констелации и тие медиуми ќе дојдат на удар на пазарот.“

Неделава на удар дојдоа новинарите на „Утрински“. Вработените во весникот ставуваат дека по најавените отпуштања набрзо ќе следува и затврање на весникот. Неодамна и неделникот „ Глобус“ престана да излегува од печатница. Се повеќе новинари се отуштаат од работа со објаснување дека станува збор за економска рационализација.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG