Достапни линкови

Турска дипломатска мисија на Блискиот Исток


Ахмет Давутоглу - вториот од лево

Ахмет Давутоглу - вториот од лево

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу во текот на следниве неколку дена ќе ги посети Сирија, Иран, Јордан и Саудиска Арабија, пишува денеска весникот „Сабах“.
Се очекува Давутоглу да ја започне турнејата по денешната седница на турскиот Совет за национална безбедност, посветена на најновиот развој на настаните на Блискиот Исток.
Предвидено е Давутоглу да разговара за повеќе регионални теми, со посебен акцент врз немирите во Сирија и на напорите за формирање на палестинска влада на национално единство.
XS
SM
MD
LG