Достапни линкови

Гадафи е историски избор на либискиот народ, тврди портпарол на лидерот


подржувачи на Гадафи

подржувачи на Гадафи

Портпарол на Моамер Гадафи изјави дека лидерот бил историски избор на народот на Либија и не може да биде отстранет. Портпаролот на либијската влада Муса Ибраим дополни дека судбината на земјата зависела од народот на земјата а не вооружените сили на НАТО. Ибраим рече дека ја дал изјавата со цел да ги разјасни првичните забелешки кои ги изнесе во неделата, кога кажа дека се подготвува национален дијалог и избори во северноафриканската земја кои би ги надгледувала Меѓународната заедница. Во меѓувреме, денеска се очекува одлуката на Меѓународниот кривичен суд по основ налогот за апсење на Гадафи и неговите блиски соработници, кои се товарат за криминал против човештвото врз противниците на режимот. Во неделата главниот обвинител на Судот Луис Морено Окампо рече дека нема да престане се додека Гадафи не е уапсен.
XS
SM
MD
LG