Достапни линкови

Неделен печат


Два неделника со два различни наслова на насловните страсници. Фокус информира дека скопската полиција три пати го менувала извештајот за убиството на Нешкоски, а Форум насловува: „МВР: Не сокривме ништо“.

Ајде прво со Форум, чија насловна страница, всушност, е поента од интервјуто со првата полицајка, Гордана Јанкулоска. Таа кажува дека МВР не се обиде да прикрие ништо и тврди дека нема никакви недоречености околу смртта на Мартин Нешкоски, што се случи на скопскиот плоштад, ноќта по изборите. Вели, контроверзите ќе се расчистат со почнувањето на судската постапка кога јавноста ќе може да се увери во функционирањето на институциите. На прашањето дали Јанкулоска чувствува морална одговорност за целиот случај, таа одговара дека инцидентот бил изолиран и дека немал никаква политичка заднина. Јанкулоска, својата одговорност ја гледа виновниците во соодветна законска процедура да бидат изведени пред суд и да одговараат за тоа што го стериле. На прашањето зошто не поднесла оставка, Јанкулоска одговара дека тоа е поради повеќе причини и дека СДСМ се затскривал зад некои млади луѓе и ги игнорирал процедурите и институциите со нешто што не требало да стане практика.

Протестите против полициска бруталност.

Сега со Фокус: Неделникот во наднаслов пишува: Истрага за откривање или за сокривање на злосторството, па прашува дали докторката од Брзата помош констатирала само смрт кај младиот Мартин или дала и опис, дека смртта не е насилна? Тоа, нагласува неделникот, е клучното прашање кое понатаму отвори многу дилеми, затоа што од првичниот увид на лекарката зависи што и како полицијата му пренела на судијата, зошто тој не излегол на лице место, зошто сите молчеа за настанот што уредно, според документ до кој дојде Фокус, во СВР Скопје е регистриран во 4 часот 13 минути и 18 секунди изутрината на 6 јуни! Авторот на текстот понатаму оди во детали: Началничката на Брза помош тврди дека тие само интервенирале и констатирале смрт, но не даваат квалификации за тоа како настапила смртта.

Лидија Кацуловска, докторката која била на увид, наеднаш заминала на одмор, па не може да се комуницира со неа. МВР тврди дека ја завршиле работата со тоа што поднеле пријава против припадникот на Тигрите. Се' се сведува на судот, а оттаму, како по обичај - молк, оти истрагата е тајна! Случајот на Мартин Нешкоски, но и тој на Љубе Бошкоски, уапсен десетина часови по убиството на Мартин, отворија многу прашања за тоа како треба да изгледа една истрага, какви докази терба да се обезбедат, но и најважното, дали може буквално се' да се скрие под превезот на тајноста на постапката - прашува Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG