Достапни линкови

Венецуела-Владата негира дека Чавез е во критична состојба


Хуго Чавез

Хуго Чавез

Владата на Венецуела ги негира тврдењата дека претседателот Хуго Чавез е во критична состојба по итната операција која му е извршена во Куба. Од Владата соопштуваат дека лидерот добро се опоравува. Операцијата му е направена на 10 јуни и тој сега се лекува, соопштуваат властите. Во петокот министерот за надворешни работи на Венецуела Николас Мадуро, изјави дека Чавез кој е се уште во Куба води голема битка за неговото здравје.
XS
SM
MD
LG