Достапни линкови

Ирак-бомбаш во инвалидска количка нападнал полициска станица


Бомбаш-самоубиец во инвалидска количка се разнел себеси на влезот на полициската станица во близина на главниот град на Ирак Багдад, соопштуваат официјалните лица. Во нападот двајца полицајци биле убиени, а 10 повредени. Локалните власти не знаат дали напаѓачот навистина бил хендикепиран или само ја искористил инвалидска количка како начин да го одврати вниманието од припадниците на безбедносните сили. Бомбашот во полициска станица влегол тврдејќи дека му треба потврда од страна на полицијата дека е осакатен во терористички напад. Ирачаните кои останале инвалиди за време на бомбардирања или престрелки може да добијат надоместок од страна на владата но само ако повредите се документирани.
XS
SM
MD
LG