Достапни линкови

logo-print

Турција-отфрлени молбите на курдските пратеници


Турскиот Парламент

Турскиот Парламент

Турскиот суд денеска ги отфрли молбите да се ослободат двајцата уапсени курдски политичари кои освоија места во новиот турски Парламент. Тие се соочуваат со обвиненија за тероризам. Обвинети се дека биле членови на урбаното крило на Курдската работничка партија (ПКК), која е наведена како терористичка организација од страна на Анкара и поголемиот дел од меѓународната заедница. Тие беа меѓу шесте курдски политичари кои чекаа судење за тероризам . А додека се чекаше на судењето беа избрани за пратеници на изборите кои се одржаа на 12-ти јуни. Курдските пратеници во четвртокот рекоа дека ќе го бојкотираат законодавниот дом во знак на протест поради затварањето на нивните колеги.
XS
SM
MD
LG