Достапни линкови

Ако Грција го отфри пакетот за штедење, еврозоната е на ризик


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за германски весник изјавува дека Грција дека ќе ја добие следната транша од меѓународната финансиска помош само ако Парламентот во Атина идната недела го усвои новиот пакет мерки за економијата. Тој изрази увереност дека мнозинството грчки пратеници ќе ги одобрат новите мерки за буџетски скратувања и зголемување на даноците и ја повика опозицијата да ја поддржи Владата. Ќе биде убаво да ја видам опозицијата во Грција да ја поддржи Владата како што тоа се случи во Португалија и Ирска, изјавил Шојбле во интервју за неделникот „Билд ам зонтаг“.
Грчките пратеници идната недела треба да гласаат за буџетска програма која предвидува 28 милијарди евра буџетски намалувања како и закон за нивна примена. А ако пакетот биде отфрлен тоа ќе ја доведе во прашање стабилноста на целата еврозона, додава Шојбле.
XS
SM
MD
LG