Достапни линкови

Започнува судењето на челниците на Црвените Кмери


Пол Пот поранешниот лидер на Црвените Кмери

Пол Пот поранешниот лидер на Црвените Кмери

Во Пном Пен утре започнува судењето на четворица преживеани високи преставници на Црвените Кмери, по повеќе од 3 децени по уривањето на режимот на Пол Пот. Пред судот ќе се појават идеологот на режимот Нуон Чеа, тогашниот министер за надворешни работи Јенг Сари, министерот за социјални прашања Јенг Тирит и претседателот на демократска Кампучија Кијен Самфан. Сите се обвинети за воени злосторства, злосторства против човештвото и за геноцид. Еден од судиите Ендрју Кејли , изјави дека по судењето во Нинберг, нема вакво значајно судење како што ќе започне утре. Досега само еден човек е осуден за злоделата на Црвените Кмери. Минатата година судот го осуди на 35 години затвор , управникот на тајниот затвор на Црвените Кмери.
XS
SM
MD
LG