Достапни линкови

logo-print

Азербејџан-претседателот вети контрола над Нагорно Карабах


Претседателите на Ерменија, Русија и Азербејџан

Претседателите на Ерменија, Русија и Азербејџан

Азербејџан започна воена парада на каја ја манифестираше својата сила, на само два дена откако пропаднаа преговорите со Ерменија за решавање на спорот околу областа Нагорно-Карабах .
Војници и армиски возила се движеа низ улиците на главниот град. Претседателот Илхам Алијев вети дека ќе ги зголеми воените трошоци и ќе ја добие контролата на територијата за која се расправаат со Ерменија.
Азербејџан и Ерменија водеа војна околу Нагорно-Карабах во деведесетите години кога загинаа околу 30 илјади луѓе на двете страни и доведе до територијалниот спор што се уште не е решен. Претседателите на Ерменија и на Азербејџан во петокот под покровителсто на рускиот претседател Дмитриј Медведев се состанаа во Казан, Русија. Но преговорите завршија неуспешно.
XS
SM
MD
LG