Достапни линкови

Африканската унија заседава за Либија


Делегација на Африканската унија на средба со Гадафи

Делегација на Африканската унија на средба со Гадафи

Африканската унија денеска одржува состанок посветен на изнаоѓање решение за да се стави крај на вооружениот конфликт во Либија. Посредничката мисија составен од 5 претседатели на држави се состанува во Преторија. Со групата преседава претседателот на Мавританија Мохамед Улд Абдел Азиз, а во групата се и претседателите на Јужноафриканската Република Џејкоб Зума, на Конго Денис Сасу Нгуесо, на Мали Амади Тамани Туре и на Уганда Јовери Мусевени. Состанокот се одржува зад затворени врати, а ниту еден од учесниците не сакаше да изјави нешто пред состанокот. Претходно од министерствот за надворешни работи на Јужноафриканската Република соопштија дека на денешниот состанок ќе се разгледа прашањето за спроведување на примирје и за обезбедување на хуманитарна помош. Африканската унија претходно даде предлог за ставање крај на кризата. Предлогот го усвои либискиот лидер Моамер Гадафи, но не и бунтовниците.
XS
SM
MD
LG