Достапни линкови

logo-print

Грција-според анкетите Нова демократија пред ПАСОК


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Главната опозициска партија во Грција, Нова демократија е во предност пред владејачката ПАСОК, се вели во резултати од анкета на агенцијата Марк. Спроред анкетата, Нова демократија има доверба од 24,1 отсто анкетирани, по што следува ПАСОК со 20 отсто, Грчката комунистичка партија до 7,5 отсто. Сепак, 70 отсто анкетирани сметаат дека ако лидерот на Нова Демократија, Андонис Самарас биде избран за премиер ќе води иста политика како и сегашниот премиер Јоргос Папандреу. На Анкетата мнозинството граѓани, односно 68 проценти се изјасниле дека се против предвремени избори. Над 22 проценти од испитаниците се изјасниле дека дека не треба да се прифати програмата за штедење дури и државата да оди во банкрот.
XS
SM
MD
LG