Достапни линкови

Малезија-полицијата апсела опозициски демонстранти


Протести во Куала Лумпур

Протести во Куала Лумпур

Полицијата во Малезија уапсила најмалку 60 демонстранти за да ги задуши активностите на опозицијата. Некои од нив се ослободени, но властите ја предупредија опозицијата да не ги одржат планирани демонстрации закажани за 9 јули. Опозицијата преку јавни протести бара да се стави крај на 54-годишното владеење на владејачката партија и бараат поголема политичка транспарентност. Премиерот Наџиб Разак, изјави дека ако има проблеми во државата за тоа ќе биде одговорна опозицијата, затоа што тие сакаат да создадат хаос, бидејќи сакаат моќ.
XS
SM
MD
LG