Достапни линкови

Израел се закани на медумите,ако флотилата се доближи до Газа


Израел ги предупреди странските новинари дека ќе им забрани влез во земјата со години, ако бидат дел од странската флотила која ќе се обиде да ја прекрши блокадата на Појасот Газа. Се очекува наскоро, можеби веќе и оваа недела, флотила да се обиде да се доближи до Газа. Од прес службата на Владата на Израел, обидот го оценуваат како страшна провокација и кршење на израелското право. Израел воведе блокада во 2007-та, откако Хамас го зазеде појасот. И минатата година имаше обид бродови да се доближат до Појасот, што заврши со смрт на 8 турски активисти, по нападот од израелски командоси на нивниот брод.
XS
SM
MD
LG