Достапни линкови

Египет- властите немаат документи дека Мубарак има рак


Поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак

Поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак

Египетското министерство за здравство нема официјалната документација со која се потврдува дека поранешниот претседател Хосни Мубарак има рак, како што тврдеше адвокатот на Мубарак, соопштил заменик министерот за здраство. Адвокатот на Мубарак минатата недела изјави дека поранешниот лидер, кого го очекува судењето за убиство на демонстрантите и злоупотреба на власта, има рак на желудникот. Мубарак се наоѓа во притвор во болница, откако за време на испрашувањето во април доживеа инфаркт. Судењето на Мубарак е закажано за на 3 август.
XS
SM
MD
LG