Достапни линкови

Пакистан-меѓу напаѓачите на полициската станица имало и жени


Пакистанските Талибанци ја презедоа одговорноста за вчерашниот напад на полициска станица во областа Колачи, при што загинаа 10 полицајци, соопштуваат пакистанските власти. Полициската станица ја нападнале милитанти, меѓу кои имало и такви кои носеле бурки. Локалните власти соопштуваат дека најмалку еден од напаѓачите е жена. Потпаролот на Талибанците во Пакистан изјави дека нападот бил за одмазда на нападот од страна на САД во кој загина Осама бин Ладен. Тој изјави дека тоа што имало жени самоубијци само покажува колку пакистанските жени се исфрустрирани од раководството на земјата.
XS
SM
MD
LG