Достапни линкови

logo-print

Авганистан-во нападот на болницата загинале 35 луѓе


Најмалку 35 луѓе се убиени во вчерашната експлозија на автомобил-бомба во здравствен објект во источниот дел на Авганистан, соопштуваат авганистанските власти. Повеќето од жртвите се жени и деца кои чекале на ред за медицинска помош. Ова е еден од најкрвавите самоубиствени напади во Авганистан оваа година. Околу 50 луѓе се повредени при експлозијата. Властите соопштуваат дека возилото удрило во ѕидот на болницата во провинцијата Логар, Авганистан. Талибанците рекоа дека не стојат зад нападот.
XS
SM
MD
LG