Достапни линкови

Авганистан-пратениците отповикале 5 врховни судии


Авганистански пратеници

Авганистански пратеници

Пратениците во Авганистан гласаа да се отпуштат пет високи членови на авганистанскиот Врховниот суд, по продлабочување на политичката криза.
Овој потег доаѓа откако Специјалниот Трибунал, основан од страна на претседателот Хамид Карзаи, по ланските избори, донесе одлука 62-ца пратеници да го напуштат пратеничкото место поради наводна изборна измама. Пратениците гласале петмината врховни судии да бидат отпуштени затоа што не успеале да ја запрат одлуката на Специјалниот Трибунал.
Од вкупно 190 пратеници 183 гласале за отповикување на пет члена на Високиот совет на Врховниот суд.
XS
SM
MD
LG