Достапни линкови

logo-print

26 јуни -Ден за поддршка на жрвите од тортура


Народен правобранител Иџет Мемети

Народен правобранител Иџет Мемети

Денеска се одбележува Денот за поддршка на жрвите од тортура. По тој повод народниот правобранител Иџет Мемети испрати порака да се почитуваат меѓунаордните закони со кои се забранува тортурата и нехуманото постапување и казнување. Чинот на тортура не може со ништо да се оправда, вели народниот правобранител. Мемети вели дека државите во светот се обврзани да ги почитуваат и да преземаат ефективни законски, административни, судски и други мерки за да се спречи тортурата и да се обезбеди соодветен одговор на нејзиното манифестирање, но и обезбедување на целосна рехабилитација на нејзините жртви.
Но за жал, и покрај многубројните документи за забрана на тортурата и утврдените инструменти за превенција и заштита на луѓето од ова зло, конфликтите и тензиите во светот придонесуваат тортурата сеуште да биде реалност, стои во пораката на Мемети.
XS
SM
MD
LG