Достапни линкови

Меркел против целосно преструктурирање на грчкиот долг


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германскиот канцеларка Ангела Меркел во интервју за германската телевизија А Ер Де,изјави дека е против целосно преструктурирање на грчкиот долг, додека европските лидери се обидуваат при определени услови да го подготват вториот план за финансиска помош на Атина.
Во интерес на сите во Европа е да и дадеме време на Грција, но се разбира сето тоа ќе биде приддружено со услови, изјави Меркел.
Новиот спасувачки пакет, ветен за Грција под услов да ја прифати програмата за рестриктивни економски мерки, ќе биде сличен на одобрениот пред една година кој изнесуваше 110 милијарди евра во вид на кредити, изјави вчера грчкиот премиер Јоргос Папандреу. На средбата на врвот во Брисел, Грција доби ветување дека вториот план ќе биде подготвен при определени услови до почетокот на јули.
XS
SM
MD
LG