Достапни линкови

Ерменија и Азербејџан се обвинуваат за неуспехот на преговорите


Од вчерашната средба во Казан

Од вчерашната средба во Казан

Ерменија и Азербејџан денеска меѓусебно се обвинувањата за неуспехот на нивните лидери да го финализираат договор за решавање на конфликтот за Нагорно-Карабах. Вчера Серж Саркисијан и Илхам Алијев разговараа , под покровителство на рускиот претседател Дмитриј Медведев во Казан, Русија. Се очекуваше напредок во преговорите, и затоа резултатот се доживеа како неуспех.
Ерменскиот министер за надворешни работи, Едвард Налбандијан, преку соопштение изјави дека Азербејџан ги поткопа разговорите со барањето за промена на околу 10 точки од документот за кој долго време се разговара. Неговиот пак азербејџански колега Елмар Мамамдуарев ја обвинува Ерменија за поткопување на преговорите, бидејќи тие барале многу отстапки.
XS
SM
MD
LG