Достапни линкови

Либиски медиуми-15 луѓе убиени во напади на НАТО


Најмалку 15 цивили загинале во денешните воздушни напади на НАТО во либискиот град Брега, пренесува либиската државна телевизија. Алијансата негира дека загинале цивили. Според либиските власти, авионите на НАТО погодиле цивилни цели во Брега кој се наоѓа на истокот на Либија, меѓу останатото и една пекара и еден ресторан. Според нив во нападите загинале 15, а 20 луѓе се повредени. Од НАТО пак велат дека напаѓале само воени цели, и дека тоа што тие го бомбардирале подолго било набљудувано и акцијата е спроведена по детален план.
XS
SM
MD
LG