Достапни линкови

logo-print

Собранието конституирано - Претседателот избран


По верификацијата на мандатите на новите парламентарци - Трајко Вељановски повторно избран за Претседател

Верификувани се мандатите на 123 пратеници на денешната конститутивна собраниска седница по вонредните парламентарни избори. Највозрасниот пратеник Љубислав Иванов им честиташе на новите мандатори и дополни:

„Нека им е честито на избраните пратеници. Посебно сакам да изразам голема честитка за пратениците кои доаѓаат од дијаспората. Тоа е за прв пат во македонската историја на парламентаризмот да имаме тројца пратеници од дијаспората.“
Тоа е за прв пат во македонската историја на парламентаризмот да имаме тројца пратеници од дијаспората.

Претседателот на верификационата комисија Светлана Јакимовска, навраќајки се на изборниот процес, рече дека изборите биле фер и демократски

„Треба да не радува фактот дека изборите одржани на петти јуни 2011 година завршија без инциденти и ги исполнија сите меѓународни стандарди за фер и демократски избори, што произлегува и од извештаите на ОБСЕ, ОДИХР и од изјавите на високите претставници од институциите на Европската унија. Ова значи дека Република Македонија го положи тестот за демократија и дека чекори напред кон исполнување на критериумите за членство во Европската унија.“

Радмила Шекеринска

Сепак еден инцидент кој настана непосредно по завршување на изборите предизвика немири пред почетокот и за време на конститутивната седница. Младите кои повеќе од 17 дена одржуваат маршови и демонстрации, денеска се собраа на мирни протести пред законодавниот дом, откако деновиве на пратениците им ги поднесоа своите барања.

Инаку, со верификацијата на мандатите, на пратениците кои се членови на Владата или извршуваат други функции им престанува досегашната функција. Ова е седми состав на Собранието од независноста на Република Македонија во 1991 година, и прв што ќе брои 123 пратеници.
Треба да не радува фактот дека изборите одржани на петти јуни 2011 година завршија без
инциденти.

Најмногу пратеници на вонредните парламентарни избори освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 56. Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) доби 42 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) - 15, Демократска партија на Албанците (ДПА) - 8 и Националната демократска преродна (НДП) - двајца.

За прв пат, во Собранието ќе седнат и двајца пратеници на НДП, чиј лидер е Руфи Османи, еден од оние на листата на градоначалници кои се откажаа од своите мандати.

Дебата за предлогот за претседател на Собранието

Собранието откако ги верификува мандатите на новите 123 пратеници повторно го избра Трајко Вељаноски за претседател на законодавниот дом.
За Трајко Вељаноски гласаа 70 пратеници, двајца беа воздржани, а 47 против.

Трајко Вељаноски

На седницата на Комисијата пратениците од СДСМ, НСДП најавија дека тие на пленарната седница ќе гласаат против тоа Вељаноски повторно да стане прв човек на законодавниот дом. Како аргументи за нивниот став пратениците од СДСМ и НСДП Емилијан Станковиќ, Горан Минчев и Горан Мисовски го посочија минатогодишниот првојулски инцидент во Парламентот, како и носењето на Деловникот и на повеќе закони без опозицијата. Според Станковиќ, Вељаноски и во иднина ќе дејствува како продолжена рака на матичната партија ВМРО-ДПМНЕ.

Имер Алиу од ДПА побара ДУИ да се изјасни за кандидатурата на Вељаноски зошто, како што рече, таа е резултат на некаков договор меѓу партнерите во коалицијата.

Пратеникот на опозициската СДСМ Јани Макрадули со забелешки околу процедурата и
Со Вашиот предлог само докажувате дека и натаму ДПМНЕ смета на Собранието како истурен сервис на Владата ...
претходните случувања во законодавниот дом кога Вељаноски бил на функција.

„Глуви сме на она што го кажува Европската унија и наместо да ја искористиме шансата и повиците што ни ги праќаат Филе и Баросо ние остануваме глуви и со завртена глава за европските препораки“, рече Макрадули.

„Нас во минатиот состав ни се случи наоружани луѓе, припадници на МВР да влезат во Собранието без знаење на претседателот на Собранието“, дополни Макрадули.

За збор се јави и пратеничката на СДСМ Весна Бендеска, тврдејќи дека следниот парламентарен состав нема да поседува капацитет и политичка воља и изрази жалење што опозицијата нема да го подржи предлогот на власта.
Дали е тоа вина само на првиот човек на Собранието или пак опозицијата во иднина треба да престане со праксата на напуштање на демократското боиште.

„Со Вашиот предлог само докажувате дека и натаму ДПМНЕ смета на Собранието како истурен сервис на Владата“

Реагираа пратениците од власта Влатко Ѓорчев и Силвана Бонева:

„Би сакал да дадам полна подршка бидејки со сегашниот и иден претседател на собранието донесовме над 1200 закони и измени на закони, покажавме ефикасност, и донесовме повеќе од 300 закони со европско знаменце“, рече Ѓорчев.

Бонева реагираше на забелешките за усвојувањето на законите во отсуство на опозицијата:

„Дали е тоа вина само на првиот човек на Собранието или пак опозицијата во иднина треба да престане со праксата на напуштање на демократското боиште каде што треба сите да ги спротиставуваме аргументите во интерес на граѓаните на Република Македонија?“, изјави Бонева.

По завршувањето на дискусијата, Вењановски по втор пат беше избран за претседател на македонскиот парламент

„Сакам да Ве уверам дека мојот основен интерес ќе продолжи да биде единствено Македонија“ рече Вељаноски.

XS
SM
MD
LG