Достапни линкови

Иран-Западните земји го подржуваат тероризмот


Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад

На Самитот посветен на борбата против тероризмот, Иран ги обвини западните сили дека се најголемите спонзори на политичкото насилство против цивилите. Претседателот Махмуд Ахмадинеџад на делегатите им рече дека Вашингтон, Израел и Европа подржуваат поединци и групи кои се виновни за терористички инциденти. Иранскиот духовен водач Ајтолахот Али Каменеи во писмо кое беше прочитан на Самитот ,исто така пишува дека Вашингтон дава финансиска и воена подршка на терористичките организации кои дејствуваат на Средниот Исток. На дводневната конференција што започна денеска во Техеран присуствуваат претседателите на Авганситан, Пакистан, Ирак, Судан, Таџикистан, и премиери и претседатели на Парламенти од други земји, експерти и преставници од регионални и меѓународни организации.
XS
SM
MD
LG