Достапни линкови

logo-print

Расте бројот на жртви од нападот во болница во Авганистан


Авганистанските власти соопштуваат дека 60 луѓе загинале, а 120 се повредени во бомбашкиот напад на болница во провинцијата Логар во Авганистан. Властите соопштуваат дека пред болницата експлодирала автомобил бомба, а жртвите се пациенти, нивни посетители и болничкиот персонал. Талибанците не ја презедоа вината за нападот. Потпаролот на Талибанците Забихулах Муџахид изјави дека тие го осудуваат нападот врз болницата и кој и да го направил тоа сакал да ги оцрни Талибанците.
XS
SM
MD
LG