Достапни линкови

Конститутивната седница на новиот собраниски состав


Со интонитање на државната химна и со усвојување на дневниот ред, попладнево почна првата конститутивна седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија. Седницата ја води најстариот пратеник Љубисав Иванов од Социјалистичката партија.
На дневен ред на седницата се избор на претседател и членови на Верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на членовите на Комисијата за избори и именувања и како четврта точка е изборот на претседател на Собранието.
Пратениците едногласно ја изгласаа првтата точка односно составот на Верификациската комисија што ја сочинуваат Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, претседател, и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ, Хајрула Мисини од ДУИ и Зијадин Села од ДПА, членови на Комисијата. По нивниот избор, е дадена едночасовна пауза за да може верификациската комисија да одржи седница на која треба да го разгледа извештајот на Државаната изборна комисија и на Собранието да му поднесе извештај со предлог за верификација на мандатите на пратениците.
Ова е седми состав на Собранието од независноста на Македонија во 1991 година, и прв што ќе брои 123 пратеници.
XS
SM
MD
LG