Достапни линкови

По последните насилства, стотици Сиријци бегаат од дома


сириски бегалци

сириски бегалци

Стотици Сиријци, некои од нив со прострелни рани, бегаат кон соседен Либан, во потрага по засолниште по зголемувањето на насилството во нивната татковина. Луѓето се решиле да бегаат кратко време откако сириските безбедносни сили отворија оган на анти-владините демонстранти низ целата земја, при што загинаа 20 луѓе, вклучувајќи и две деца на возраст од 12 и 13, велат сириските активисти за човекови права. Насилството предизвика илјадници Сиријците да бараат засолниште во соседните земји. Во последниот бран ,1.000 Сиријците преминале во Либан. Овие бегалци ќе им се приклучат на илјадниците други кои ја напуштија Сирија во мај и почетокот на јуни, повеќето од нив за време на операција на сириската армија во граничниот град Талкалах.
XS
SM
MD
LG