Достапни линкови

logo-print

Кантримен: сега е време за решение на спорот со името


Томас Кантримен

Томас Кантримен

,,Потребно е брзо решавање на спорот за името, а времето да се стори тоа е токму сега,, изјави заменик американскиот помошник државен секретар за европски прашања Томас Кантримен на глобалната конференција што во Вашингтон ја организира Обединетата македонска дијаспора, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. ,,Се чини дека не е праведно процесот на македонската евроатлантска интеграција да биде цврсто поврзан со ова емотивно прашање. Праведно или не, реалноста на таа поврзаност е неизбежна. Мора да се справиме со светот каков што е. Неуспехот тоа да се реши и штети на Македонија. Ја спречува да го достигне своето заслужено место во НАТО и ЕУ и времето да се реши прашањето е токму сега, рече Кантримен. Според него, компромисот може да биде болен но, како што додава, политичката болка ќе биде привремена. ,,Можам да ве уверам дека САД нема да ја поттикнуваат македонската влада да прифати решение што ќе претставува закана по суверенитетот, територијалниот интегритет или пак идентитетот на државата и граѓаните,, изјави Кантримен. ОМД не го менува ставот за името: дека Македонија треба да се повлече од преговорите во ОН и оти земјата заслужува да се вика Македонија, а јазикот - македонски.
XS
SM
MD
LG