Достапни линкови

Светската банка: кредит за Црна Гора од 59 милиони евра


Светската банка и одобри кредит на Црна Гора во износ од 59 милиони евра, соопшти црногорското Министерство за финансии. Кредитниот аранжман беше усогласен вчера, а бордот на директори за тоа формално ќе реши кон крајот на август или во почетокот на септември. Кредитот ќе биде искористен за поддршка на државниот буџет, прецизираат од Министерството. Кредитот е со грејс период од пет години, на период од 20 години и со камата од околу 2,5 насто.
XS
SM
MD
LG