Достапни линкови

Членството на Хрватска во ЕУ порака за Балканот


Баросо при посетата на Турција

Баросо при посетата на Турција

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави денеска по состанокот на шефовите на држави и влади на ЕУ, дека одлуката за пристапување на Хрватска кон Унијата, сите држави од Западен Балкан треба да ја гледаат како „многу охрабрувачки сигнал“.
Унгарскиот премиер Викор Орбан, чија држава претседава со ЕУ, рече дека „ќе стори се“ процесот на проширување да продолжи и по влезот на Хрватска во ЕУ.
- На есен на сеопфатен начин ќе разгледаме како да го продолжиме проширувањето на овој регион, рече Орбан.
Членот на Европскиот парламент Јелко Кацин ја поздрави одлуката на шефовите на држави и влади на ЕУ за завршување на преговорите со Хрватска за членство во Унијата, оценувајќи дека за сите земји од Западен Балкан постои јасна перспектива за членство во ЕУ.
- Јасна перспектива за членство во ЕУ постои за сите земји од Западен Балкан, чие приближување кон ЕУ зависи пред се од динамиката на спроведување на внатрешните реформи, додаде Кацин.
XS
SM
MD
LG