Достапни линкови

Дорис Пак е загрижена за политичката состојба во Албанија


Германската европратеничка Дорис Пак искажала загриженост поради политичката ситуација во Албанија, која, според неа, се повеќе ја оддалечува земјата од Брисел, јави МИА од Тирана.
Коментирајќи ја ситуацијата во Албанија, по локалните избори од 8 мај, таа нагласила дека она што ја отсликува албанската политика во светот ќе влиае и врз извештајот на Комисијата на ЕУ.
Според неа, одбивањето на опозицијата да соработува околу донесување на неколку битни закони, за кои се неопходни и нејзините гласови, може да резултира со неисполнување на потребните критериуми, кои земјата треба да ги исполни.
XS
SM
MD
LG