Достапни линкови

Зелено светло за Хрватска за членство во ЕУ


Европските лидери денеска дадоа зелено светло за присоединување на Хрватска кон ЕУ, одобрувајќи го завршувањето на преговорите за членство, водени со Загреб од 2005 година досега. На самитот на ЕУ во Брисел европските лидери донесоа декларација, во која се бара да бидат преземени сите потребни решенија за завршување на преговорите за приклучување на Хрватска во Унијата до крајот на овој месец. Во пракса тоа е еднакво на давање дозвола за влез на една земја кандидат во ЕУ. Потпишувањето на договорот за присоединување би требало да се случи пред крајот на годинава, се потврдува во текстот на декларацијата, во која се настојува Хрватска да ги продолжи напорите за реформи, посебно во однос на судскиот сектор и основните права.
По потпишување на договорот ќе биде организиран референдум во Хрватска, а потоа 27-те земји членки ќе се изјаснат по парламентареен пат или преку референдуми за членството на Загреб. Доколку процесот се одвива нормално, Хрватска може да стане 28-та земја членка на ЕУ на 1 јули 2013 година.
XS
SM
MD
LG