Достапни линкови

Сирија ги крева тензиите


Турско - сириска граница
Турско - сириска граница

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја повика Сирија да ги повлече војниците од границата со Турција, велејќи дека постои ризик кризата да ескалира. Вашингтон разговара со Турција, а Анкара со Дамаск за новонастаната ситуација на сириско - турската граница која ја преминаа 10 илјади Сирјци, бегајќи од операциите на силите на Претседателот Башар ал Асад против опозицијата.

Државната секретарка Хилари Клинтон во Вашингтон изјави дека Соединетите Држави разговарале за ситуацијата со претставници на НАТО-сојузникот Турција. Клинтон ја опиша ситуацијата како насилна и
Доколку сириските трупи веднаш не ги запрат нивните напади и провокации, тоа значи дека не ги загрозуваат само нивните граѓани туку ќе предизвикаат и судири на границата. Во тој случај ќе има ескалација на конфликтот во регионот.

загрижувачка и побара од сириската војска да престане со нападите и провокациите во регионот. Таа го повика Дамаск да ги повлече војниците од границата со Турција, велејќи дека постои ризик за судири на границата.

„Нам ни е многу јасно дека доколку сириските трупи веднаш не ги запрат нивните напади и провокации, тоа значи дека не ги загрозуваат само нивните граѓани туку ќе предизвикаат и судири на границата. Во тој случај ќе има ескалација на конфликтот во регионот.“

Клинтон изјави дека Соединетите Американски Држави се загрижени поради извештаите дека сириската војска го околила селото Кирбет ал Јоз, кое се наоѓа на само 500 метри од границата со Турција. Анкара, пак, соопшти дека министрите за надворешни работи на Турција и на Сирија за настанатата ситуација разговарале по телефон.

Бегалски камп за сириските бегалци во Турција.

Над 10 илјади Сиријци, како што јавуваат новинските агенции, ја преминале границата и влегле во Турција со цел да ја избегнат воената операција на сириските сили кои, пак, се обидуваат да го уништат опозициското движење против режимот на претседателот Башар ал Асад. Активистите јавуваат дека илјадници лица се затворени и убиени во тримесчниот бунт во Сирија.

ЕУ санкции за помагачите на Дамаск

Европската унија, пак, денеска воспостави санкции за тројца главни команданти на иранската Револуционерна гарда затоа што обезбедиле опрема и подршка за режимот на Башар ал Асад за неговата репресија врз демонстрантите. Станува збор за главниот командант на вооружените сили Мохаманд Али Џафари, командантот на специјалните сили Кашем Солеимани и заменикот на разузнавачкото крило на оваа единица, Хосеин Таеб. Тие нема да смеаат да патуваат во Европската унија и ќе им бидат замрзнати финансиите доколку ги имаат. Околу 30 лица, меѓу кои и претседателот на Сирија, Башар ал Асад се веќе на листата на ЕУ.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG