Достапни линкови

ЕУ санкции за Иранци поради подршка на сирискиот режим


Iran -- Revolutionary Guard Corps commander Mohammad Ali Jafari

Iran -- Revolutionary Guard Corps commander Mohammad Ali Jafari

Европската Унија денеска воспостави санкции за тројца главни команданти на иранската Револуционерна гарда затоа што обезбедиле опрема и подршка за режимот на Башар ал Асад за неговата репрезија врз демонстрантите.
Станува збор за главниот командант на вооружените сили Мохаманд Али Џафари, командантот на специјалните сили Кашем Солеимани и заменикот на разузнавачкото крило на оваа единица Хосеин Таеб.
Тие нема да смеаат да патуваат во Европската унија и ќе им бидат замрзнати финансиите доколку ги имаат. Околу 30 лица, меѓу кои и Претседателот на Сирија, Башар ал Асад се веке на листата на ЕУ.
XS
SM
MD
LG