Достапни линкови

Мекејн: Спорот за името меѓу Македонија и Грција може да се реши


US Senator John McCain

US Senator John McCain

Прашањето за спорот околу името меѓу Македонија и Грција може да се реши, смета поранешниот претседателски кандидат на САД, републиканскиот сенатор Џон Мекејн.
- „Грција во моментов се справува со огромни предизвици и сметам дека во таква ситуација, добрите односи со Македонија веројатно само ќе бидат од нејзин интерес“
, изјави Мекејн по добивањето на Меѓународната награда на слободата на Обединетата македонска дијаспора.
Како што јави Гласот на Америка на македонски, наградата им е врачена и на сенаторот-демократ Френк Лутенберг од Њу Џерси и независниот сенатор Џозеф Либерман од Конектикат, а постхумно и на поранешниот државен секретар Лоренс Игелбергер.
XS
SM
MD
LG