Достапни линкови

Големите потрошувачи ќе дадат дел од нафтените резерви


Големите потрошувачи на нафта, денеска соопштија дека ќе ослободат 60 милиони барели нафта од стратешките резерви во обид да се намали цената на суровата нафта и да се пополни празнината во снабдувањето која настана со кризата во Либија. Тие соопштија дека секој ден ќе ослободуваат по 2 милиони барели нафта. Од ветените 60 милиони барели што ќе бидат ослободени, половина ќе бидат од американските резерви. САД имаат 727-милиони барели сурова нафта во резерви. Европа ќе обезбедување 30 проценти од останатите 50, а другите 20 од земјите од Пацификот.
XS
SM
MD
LG