Достапни линкови

logo-print

Бомбардерот на Дубровник, не сака екстрадиција во Хрватска


Божидар Вучуревиќ, кој беше градоначалник на босанскиот град Требиње за време на војната во 90-те години, a е обвинет за бомбардирањето на Дубровник изјави денеска дека ако биде екстрадиран во Хрватска тоа ќе значи за него сигурна смрт.
Тој беше уапсен во почетокот на април од српски полицајци на границата меѓу Србија и Бoсна по барање на Хрватска.По една недела беше пуштен од притвор, но со забрана да ја напушта Србија. Него го бараат и Босна и Хрватска. Но ако би бирал какде да биде екстрадиран, тој ја избира Босна, каде што вели дека има шанси за праведен судски процес. Конечното решение дали тој ќе биде екстрадиран и во која држава, ќе го донесе српскиот министер за правда Снежана Маловиќ
XS
SM
MD
LG