Достапни линкови

Компјутерот виновен за „дополнетиот “ записник за „Пајажина“


Првообвинетиот Велија Рамковски

Првообвинетиот Велија Рамковски

Во текот на денешното судското рочиште за случајот „Пајажина“ , адвокатот на Велија Рамковски, Мирослав Вујиќ побарал изземање на судијката Павлина Христовска која го води процесот поради, како што образложи, сомневање во нејзината објективност и непристрасност. Одбраната имала приговори на записникот од минатата недела добиен по електронски пат, кој наместо на седум бил на 17 страници. Во тој записник дактилографката навела дека главниот претрес е започнат, дека обвинителката Гордана Гешковска го прочитала обвинението и дека сите обвинети дале свој исказ и оти остануваат на она што го кажале пред истражниот судија. Според адвокатите на обвинетите во записниците биле наведени и исказите на нивните клиенти, иако тие досега немаат зборувано пред судот. За Судскиот совет ваквиот записник е само техничка грешка и се повикаа на автоматскиот систем за управување со судските предмети.
За првообвинетиот Велија Рамковски овој случај e политички монтиран процес.
XS
SM
MD
LG